Поради нерешениот проблем со отпадните води и фекалиите од селата Горно и Долно Јаболчиште, кои преку реката Тополка се влеваат во акумулацијата ХС Лисиче", квалитетот на водата е значително намален. Непријатната вест на жителите на Велес и приградските населби Оризари, Превалец и Речани им ја соопштија од Заводот за здравствена заштита во Велес, кој редовно го испитува квалитетот на водата од акумулацијата. За разлика од пред неколку години, квалитетот на водата во акумулацијата е влошен. Отпадните води и фекалиите од над 3.000 жители од Горно и Долно Јаболчиште и Дреново ја влошуваат состојбата на водата. Решение е изградба на пречистителна станица. Ние како Завод ова го велиме уште од почетокот. Доколку во скоро време не биде направена пречистителна станица состојбата уште повеќе ќе се влоши.
Поради нерешениот проблем со отпадните води и фекалиите од селата Горно и Долно Јаболчиште, кои преку реката Тополка се влеваат во акумулацијата ХС Лисиче", квалитетот на водата е значително намален.
Непријатната вест на жителите на Велес и приградските населби Оризари, Превалец и Речани им ја соопштија од Заводот за здравствена заштита во Велес, кој редовно го испитува квалитетот на водата од акумулацијата.
- Точно е. За разлика од пред неколку години, квалитетот на водата во акумулацијата е влошен. Отпадните води и фекалиите од над 3.000 жители од Горно и Долно Јаболчиште и Дреново ја влошуваат состојбата на водата. Решение е изградба на пречистителна станица. Ние како Завод ова го велиме уште од почетокот. Доколку во скоро време не биде направена пречистителна станица состојбата уште повеќе ќе се влоши - вели д-р Флора Шурбановска, директор на Заводот за здравствена заштита во Велес.
Од Заводот велат дека моментно квалитетот на водата што ја пијат велашани е добар. Проблем беше во деновите кога нивото на акумулацијата поради високите температури, беше значително намалена и кога вода се испушташе од долниот дел каде што фекалиите се наталожени.
- За среќа овој период беше многу краток и не дозволивме жителите да пијат загадена вода - вели Шурбановска.
Наспроти Заводот, директорот на ХС Лисиче", Бобан Пановски за ВЕЧЕР изјави дека состојбата со водата не е алармантна.
- Велешани пијат здрава вода. Редовно се вршат анализи. Нормално е во ваква акумулација да се јавуваат временски промени на квалитетот на водата - вели Пановски.
Меѓутоа, проблемот останува и бара итно решение. Него го знаат и општина Велес и ХССЛисичее, па и повисоките органи во државава. Општината која преку ЈКППДервенн врши снабдување на населението со вода за пиење, и ХССЛисичее, кое пак, стопанисува со браната, немаат ниту сили ниту можности сами да го решат овој проблем кој станува се посериозен. И едните и другите немаат пари за изградба на пречистителна станица кај селото Долно Јаболчиште преку која би ги пречистувале отпадните води и од двете села што сега непречено, преку реката Тополка, се влеваат во акумулацијата. Пари нема ниту општина Чашка, на чија што територија се наоѓа браната и од која земјоделците наводнуваат повеќе од илјада хектари плодно земјиште.
- Наредната година со помош на Владата ќе биде подготвена студија да се изгради колектор за отпадните води за Горно и Долно Јаболчиште, или пак, да се изгради пречистителна станица - вели Пановски.